Бузалково беше центар на пеливанското борење – спектакуларен меѓународен турнир во Велес

Велес, 26 јули 2026 – Селото Бузалково викендов беше во знакот на традиционалното пеливанско борење, каде се одржа голем Меѓународен пеливански турнир што привлече бројни натпреварувачи и многубројна публика.

На турнирот настапија врвни пеливани од земјата и странство, а љубителите на овој традиционален спорт имаа можност да проследат возбудливи и неизвесни борби.

Главна атракција на настанот беше присуството и настапот на еден од најголемите шампиони на Турција – Баш пеливан Осман Ајнур, освојувач на престижниот златен појас на најголемиот и најреномиран пеливански турнир „Киркпинар“ во Едрене, титула што ја освои во 2006 година. Неговото учество предизвика огромен интерес кај публиката и претставуваше вистински празник за љубителите на пеливанското борење.



Организаторите изразија задоволство од успешната реализација на турнирот, големиот број учесници и посетители, нагласувајќи дека Бузалково продолжува да ја негува богатата традиција на пеливанското борење и да се афирмира како значајна дестинација за овој спорт.




Турнирот уште еднаш потврди дека пеливанското борење останува жив дел од културното наследство на регионот, привлекувајќи врвни спортисти и бројна публика од Македонија и странство.