Во периодот од 9 до 12 јули 2026 година, во Гран Канарија, Шпанија, се одржа Генералното собрание на федерацијата, на кое присуствуваа претставници и делегати од земјите членки.
Македонската федерација беше претставувана од претседателот на Федерацијата и заменик-претседателот Ацо Крстев, кои активно учествуваа во работата на Собранието, дискусиите и донесувањето на одлуките поврзани со идниот развој на федерацијата и меѓународната соработка.

На Генералното собрание беа разгледани актуелни прашања, усвоени беа повеќе значајни одлуки и беа дефинирани насоките за понатамошниот развој на федерацијата и унапредување на соработката меѓу земјите членки.
