Успешен настап на македонската репрезентација во Сохос, Грција

Успешен настап на македонската репрезентација во Сохос, Грција
 
Македонската репрезентација во  пеливанско  борење успешно настапи на силниот меѓународен турнир што се одржа на 30.06.2026  во Сохос, Грција.
 
Нашите  пеливани  прикажаа одлични борби и достојно ја претставија Северна Македонија. Најдобар резултат оствари Хамза Рушди, кој го освои второто место во својата категорија, додека Џахид Латифи го освои третото место во првата (баш) категорија.
 
Добри настапи имаа и Мухамед Феруки и Арсим Беќири, кои со својата борбеност придонесоа за успешното претставување  на пеливански спорт.!

Галерија