Успешен настап на меѓународниот пеливански турнир во Голобрдо, Албанија

На 17 мај 2026 година во Голобрдо, Албанија, се одржа меѓународен пеливански турнир на кој учество зеде и македонска делегација составена од пет репрезентативци и претставници на Пеливанската федерација, предводени од претседателот Hamid Bakija и Aco Krstev.

Македонските натпреварувачи имаа солиден настап и достојно ја претставија државата на овој силен меѓународен турнир. Најдобар резултат оствари Uvejs Fejzullahu, кој во тешката категорија го освои третото место по серија квалитетни борби и одлични настапи.

Добар впечаток остави и Zashkov Stefan, кој со две извојувани победи покажа борбеност и потенцијал за идни настапи.

Учество на вакви меѓународни турнири претставува значаен чекор за развојот и афирмацијата на пеливанството и зајакнување на спортската соработка во регионот.

Галерија