Пеливанскиот турнир „Куклиш 2026“ одржан во одлична атмосфера — Увејс Фејзуллаху прогласен за Баш Пеливан

На 15 мај 2026 година во Куклиш, Струмица, успешно се одржа традиционалниот пеливански турнир „Куклиш 2026“, кој помина во мирна, спортска и атрактивна атмосфера. Натпреварите се одвиваа во пет категории, каде публиката имаше можност да проследи бројни возбудливи и квалитетни борби.

Особено внимание привлече главната категорија „Баш“, каде годинашната титула Баш Пеливан му припадна на Увејс Фејзуллаху, кој со одлични настапи и прикажана сила заслужено се искачи на највисокото место.

Турнирот уште еднаш ја потврди традицијата и значењето на пеливанството како важен дел од спортската и културната сцена во регионот.