Од 3 до 5 април 2026 година во Анталија, Турција се одржува World Ethnosport Forum – голем светски настан посветен на зачувување и промоција на традиционалните спортови. На овој престижен форум учествува и Хамид Бакија, претседател на Пеливанската федерација, како делегат на настанот.
Неговото присуство на форумот е од големо значење за промоција на нашиот традиционален пеливански спорт на меѓународно ниво. Важно е да се напомене дека Федерацијата за пеливанско борење на Северна Македонија од 2025 година е официјална членка на World Ethnosport Confederation, што претставува значаен чекор за меѓународно признавање и развој на овој традиционален спорт.