Федерацијата за пеливанско борење на С. Македонија на ден 29.01.2026 година во Скопје одржа редовно годишно собрание со присуство на претседателот на Пеливанската федерација, г-дин Хамид Бакија, и присутните делегати.
На собранието беше презентиран целокупен извештај за работата на Федерацијата за изминатата 2025 година. Како најуспешен проект беше истакнат големиот меѓународен пеливански турнир под мотото „Традицијата продолжува – Студеничани 2025“, како и другите манифестации кои беа организирани од страна на Пеливанската федерација.
Едногласно беше усвоена и програмата за 2026 година, која предвидува богата програма на активности. Најзначајни настани во 2026 година се Европскиот куп 2026 во Студеничани, како и Олимписките традиционални игри (Nomad Games) кои ќе се одржат во Бишкек, Киргистан, од 26 август до 6 септември 2026 година, како и многу други настани.

Собранието заврши со донесување одлуки за тековните потреби и за понатамошната функционална работа на Федерацијата.