Хамид Бакија добитник на државната награда 8 Септември за спорт 2025

За прв пат во историјата на пеливанското борење, претставник од овој спорт ја доби највисоката државна награда – признанието „8 Септември“. Во 2025 година, ова значајно признание за остварувања во областа на спортот му беше доделено на претседателот на Федерацијата за пеливанско борење на Северна Македонија – Хамид Бакија.

Оваа награда претставува потврда за неговата долгогодишна посветеност и придонес во развојот и афирмацијата на пеливанството во нашата држава.

Галерија