Првиот меморијален турнир во чест на Шефер Салија

Првиот меморијален турнир во чест на Шефер Салија се одржа во селото Бузалково, Велес. Турнирот е посветен на легендарниот спортист, првиот Македонец кој освоил медал на Европско првенство во далечната 1970 година и учесник на Летните олимписки игри во Минхен. Настанот имаше за цел да го оддаде заслуженото признание за неговиот исклучителен придонес кон македонскиот спорт и да ја продолжи традицијата на спортскиот дух меѓу младите генерации.