Меѓународен успех на нашите млади натпреварувачи во Тогузкумалак – Букурешт 2025

Во рамки на 5. издание на проектот „Обединети во различноста! Без дискриминација“, под покровителство на CNR-UNESCO, во Букурешт, Романија, од 4 до 14 јули 2025 година се одржа Меѓународниот турнир во Тогузкумалак.

На 5 и 6 јули, во склоп на турнирот, се одржаа натпревари за млади во кои учествуваа натпреварувачи од различни земји. Нашите претставници во категориите У-13 и У-14 покажаа исклучителна подготвеност, стратегија и спортски дух, со што освоија едно прво и едно трето место.

Овој успех е потврда за квалитетната работа со младите во оваа интелектуална дисциплина и уште еден значаен чекор во промоцијата и развојот на Тогузкумалак во нашата земја.

Галерија