Пеливанството како традиционален спорт и вештина и како своевиден културен артефакт со над пет вековна традиција во нашата земја со длабоки корени и традиција е една од највредните спортски традиции во Република Северна Македонија и на Балканските простори.
За време на бившата Југославија, интересно е фактот дека модерното борење во слободен стил во тогашното време како сојузот на борењето на Југославија во почетокот на 60 те 70 години во минатиот век, скоро целата репрезентација на тогашна Југославија била формирана и претставувана на Балкански, Европски, и Светски првенства, токму од личости, односно од познати имиња пеливани од Македонија во сите тежински категории и успешно ја претставувале во сите првенства со освојени медали од Балканско, Медитерански игри, Еврпоско првенство, Светско првенство при тоа учествувале пеливани со борачкиот дрес и на Олимписки Игри како пример на Сефер Салиовски учествува Олимписките игри во Минхен во 1972 година.